„Неработната недела“ на Уставен суд најави „Гласен текстилец“

„Гласен текстилец“ – Штип ќе ги оспори измените на Законот за работни односи со кои е предвидено од 1 октомври недела да биде работен ден. Од здружението велат дека во законот нема дадено автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела.



Според Кристина Ампева, предводникот на организацијата која низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден, се работи за класична манипулација.

Најавува дека „Гласен текстилец” заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.