ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот данок, дизелот трајно ќе поскапи 4 денари

Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари, реагира ВМРО-ДПМНЕ.



Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година.

Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев.