Во последниот дел од анализата за “чудното” однесување на обвинителката Вилма Русковска се обидуваме да објасниме што не успеа таа да докаже во процесот за наводните организатори на настаните од 27 април.
На последното рочиште за судењето обвинителката Вилма Рускоска понуди „докази“ кои немаат никаква врска со 27-ми април и дополнително се на иста линија со тврдењето на обвинетите дека ги поддржувале протестите, но не ги организирале.
Рускоска се обиде да го спаси „нинџа-обвинението“ со пораки во кои се зборува за поддршката која на протестите ја даваат или би ја дале, меѓу другите и Бајага и Инструктори и Блага Петреска.
Но, обвинението е јасно, иако апсурдно. Во него стои дека обвинетите смислиле и организирале план со намера да го рушат уставниот поредок. А не да овозможат свирчиња и труби „за Јаков и другарите“, како што бара во една порака Елизабета Канчевска-Милевска од Миле Јанакиевски.
Вакви „докази“ за тероризмот на 27-ми април понуди завчера Вилма Рускоска. Чудно, но вистинито. Во Македонија денес – и грдо реално.
Сепак, фактите се немилосрдни. Со СМС пораките ниту се докажа дека обвинетите изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата и со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта, ниту пак дека ги организирале општинските и месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, освен ако Уставот не се руши со пејачи како Блага Петреска и Бајага, односно ако Дино Мерлин и Раде Шербеџија не се претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
ШТО СЕПАК СЕ ДОКАЖА ВО ТЕКОТ НА ОВОЈ ПРОЦЕС?
За обвинетите „врската“ со настаните на 27-ми април ја дава единствено дежурниот сведок на Обвинителството, Александар Василевски – Нинџа, човек кој има богата историја на лажни сведочења поврзани со лична корист за него.
На пример, во случајот Ровер после 12 години го менува исказот кој го дал во 2001 година, а во истиот период по сменетиот исказ добива преквалификација на делото во друг случај во кој е обвинет.
Во овој случај, Нинџа како осуден од претходниот случај кој го судеше Добрила Кацарска, даде најнова 4-та верзија на настаните од 27-ми април, различна во клучни точки со претходните три. Оваа верзија беше „уништена“ на суд од страна на судски вештак кој научно и со факти потврди дека Нинџа лаже за неговото движење и контакти на денот на немилите настани.
Рускоска наместо да понуди докази дека нејзиниот пулен Нинџа е во право, понуди стари смс пораки во кои се зборува за поддршката на протестите од страна на естрадни ѕвезди и купување свирчиња и труби. Односно, она што се докажа и со денешните пораки е дека единствениот „жив доказ“ на Вилма Рускоска е осуденикот со илјадници стран досие Александар Василевски Нинџа, кој беше демантиран не само од стотици сведоци на одбраната во случајот, туку и денес, од самите СМС пораки за кои Рускоска веројатно мислела дека ќе фрлат медиумска магла врз судењето, а на површина ја истакнаа празнотијата и површноста на обвинението кое го застапува.
Рускоска сакаше очигледно да внесе забуна и организатори на евентуална поддршка на некој уметник за протестите на Заедничка Македонија да ги посочи за организатори на насилството. Едно е да организираш протест, друго е да дадеш логистичка поддршка на протест и да употребиш лични познанства со цел да обезбедиш поддршка за идеите со кои се согласуваш, а сосема „десетто“ е да организираш смислено сценарио за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Последното, во овој случај, како и во претходниот, обвинителството не го докажа. Но, во претходниот случај судеше Добрила Кацарска, за која впечатокот е дека не и требаа ниту докази за да донесе драконски пресуди, имајќи предвид дека половина од пресудата ја темели на кажаното од Нинџа. Судот е на потег.
За другите нелогичности и конфузии од судењето во овој текст
Последна вест
Неочекувана анализа од Брисел
“Геостратезите” на Илинденска обвинети дека со Турција ја плашат ЕУ






