Поранешниот македонски амбасадор бо НАТО, Нано Ружин вели дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден за санкции кон лица кои придонесуваат за загрозување на безбнедноста на Западен Балкан е продолжување на надворешната политика на САД од 2001 година, за одвраќање на сите оние што ја нарушуваат безбедноста на Балканот.



„Овој акт се однесува на екстремисти, политичари, интелектуалци, новинари. Нема да ме изненади да се прошири и на оние кои се против Договорот со Бугарија, и кои ги загрозуваат дипломатските решенија за Западен Балкан, со посебен осврт на корупцијата и организираниот криминал“, вели Ружин.

„Ова е голема шлакница и опомена за сите националисти, екстремисти, манипулатори, творци на лажни вести, а меѓу нив има и поранешни претседатели, партиски функционери, познати интелектуалци и самонаречени патриоти. Ова ќе придонесе кон подигање на политичката култура во нашата земја и во Западен Балкан“, вели Ружин за Дојче веле