Инспектори и полицајци привеле единаесет девојки од странство и Македонија кои „забавувале“ гости во кафеана во Тетово.
Полицијата во Тетово заедно со пазарни инспектори синоќа околу полноќ затекнале 11 женски лица во угостителски објект на улицата „Коле Неделковски“ во Тетово додека ги забавувале присутните гости.
Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија на возраст од 20 до 34 години, како и две девојки од Македонија.
Сите се лишени од слобода заедно со 24-годишниот вработен во угостителскиот објект. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и потоа ќе уследат соодветни поднесоци – соопшти денес тетовската полиција.






