Американскиот Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.
Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.
„Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“, гласи потпишаниот документ од страна на Бајден.
Ова важи и за секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права или бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.
Во документот се објавени и договорите на кој се однесува оваа одлука, а покрај Охридскиот и Преспанскиот, тука се уште и Дејтонскиот мировен договор, Резолуцијата 1244 на ОН, како и Хашкиот трибунал, и други.






