Потврден доживотен затвор за Ратко Младиќ

На поранешниот командант на Генералштабот на Армијата на Република Српска (ВРС) и еден од најбараните обвинети во Хаг, му беше потврдена доживотната казна затвор.



Со конечна и правосилна пресуда што му ја изрече денеска Апелациониот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) потврдена е првостепената пресуда од 22 ноември 2017 година.

Младиќ беше обвинет за геноцидот во Сребреница, прогон на Бошњаци и Хрвати, тероризам врз сараевчани и земање заложници одредовите на некогашниот УНПРОФОР, – воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година.

Со тоа заврши судскиот процес за најтешките злосторства извршени во Европа по Втората светска војна.

Жалбениот совет ги отфрли сите жалби поднесени од одбраната на Младиќ.