Точно Под мотото „Доста е. Излези за Македонија“ денеска во 15 часот почна блокадата на улиците во десет градови и на три локации за време на протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ.



Блокадите ќе се одвиваат секој ден од 15 до 17 часот со цел јавноста да дознае какви концесии и отстапки ветил Зоран Заев на сметка на идентитетот и интересите на граѓаните.
„Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, затоа што со ваква глува, анационална и неодговорна власт, само со народот на улица можеме да го заштитиме достоинството на Македонија.

Истовремено им се извинуваме на граѓаните поради метежот и непријатностите, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако колони возила, нервозни возачи, свирежи, блокирано возило на Брзата помош… беа дел од сообраќајниот хаос што се создаде.

Од опозициската партија велат Заев е тој кој го создава хаосот во Македонија поради неговите штетни политики кои во континуитет ги води.

Од ВМРО-ДМПНЕ се сомневаат дека премиерот Зоран Заев и преговарачот Владо Бучковски тајно преговараат со Бугарија и се пред нов обид за продажба на националните и државните интереси, подготвувајќи анекс, писмени гаранции или „патоказ“ со кои ги прифаќаат ултимативните негаторски ставови.