На средбата Преставниците на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка, денеска го запознаа претседателот на државата Стево Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.
Претседателот Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.







