Еди Рама во Бугарија

Бугарскиот технички премиер, Стефан Јанев, денеска ќе има средба со албанскиот колега Еди Рама кој е во дводневна посета на Софија.



Премиерите ќе остварат средба во четири очи, по што ќе има и средба на двете делегаци, јавува БГНЕС.

Во фокусот на средбата меѓу двајцата премиери ќе биде интензивирање на билатералниот политички дијалог, како и можностите за унапредување на трговско-економските односи.

За време на состанокот ќе се дискутира за прашањето за европската интеграција на Република Албанија.

Средба со бугарскиот премиер очекува и премиерот Зоран Заев, кој на почетокот на овој месец рече дека е подготвен да оди во Софија и да замоли за решение на бугарско -макеоднскиот спор од кој зависи европерспективата на Македонија.