НУБ се распаѓа, директорот Даути очекува Владата да преземе мерки

Отѕкако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии од моменталната состојба на Универзитетската библиотека „Св. Клинет Охридски“, директорот Фремзим Даути вели дека на потег е Владата.



„Очекуваме од Владата и Министерството за култура да преземе мерки, т.е. да ги обезбеди финансиските средства и да се реновира целата зграда, а под итно покривот и читалните. Се надеваме дека ова ќе се реализира во најбрз можен рок за да можат читателите да работат, да учат и да истражуваат во нормални услови“, пишува во меилот од директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ до „Слобоиден печат.

Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје се наоѓа во катастрофална состојба, руинирана, со искршен инвентар, уништен паркет и оштетена внатрешност, повеќе наликува н  напуштен објект одошто на централна национална библиотека во државата.