Предупредувачки протести во Скопје и други 10 градови

Предупредувачки протести со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, ќе бидат организирани утре во Скопје и во 10 други градови, соопшти лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Според Христијан Мицкоски протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај зградата на Нова Македонија, кај Парламентот и кај ТЦ „Мавровка“, како и во 10 други градови.

Мицкоски на средбата со новинарите рече дека опозицијата не е информирана за преговорите со Бугарија.

Повикувајќи се на сериозни дипломатски извори, Мицкоски рече дека се преговарало за прифаќање на услови од првите пет поглавја односно каде што се опфатени јазикот, културата, традицијата, историјата, посебноста… и тоа да влезе во патоказот.

„Ако власта ги прифати условите на бугарската декларација во преговорите со ЕУ тогаш тоа станува европски проблем, а не билатерален. Доколку не се побуниме Заев ќе прифати се“ изјавил на брифингот со новинарите, Мицкоски.