Во Врање на вакцина без закажување

Без претходно закажување и само со лична карта, од денес македонските граѓани ќе можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање



На вакциналниот пункт во Здравствениот дом, викендов беа вакцинирани група од 753 граѓани на Македонија, кои претходно добиле покана.

Според официјалната веб страница за вакцинација досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440.213 граѓани.