Зеленски очекува покана од НАТО за Украина

„Ние во мометот сме во опасност, нашата независност е доведена во прашање и ни треба помош. Акциониот план за членство во НАТО е вистински сигнал, јасен знак. Тој сè уште не е членство, туку вистинска визија за Украина како дел на Алијансата во догледна иднина”, порачува украинскиот претседател Владимир Зеленски.



Тој предупредува дека поради неодлучноста на НАТО да ја прифати Украина во своите редови, поддршката за ваквиот курс во земјата опаѓа.

„Ако НАТО навистина не’ чека и сакаат да не’ видат во редовите на членките, тогаш нема потреба да гледаме низ двоглед во некоја далечна иднина и да разговараме за оваа иднина“, додаде Владимир Зеленски.

Зеленски очекјува да има средба со американскиот претседатл Џо Бајден ма Самитот на НАТО што ќе се одржи на 14 јуни во Брисел.