За време на мечот Македонија – Данска од финалето на Сребрената лига во одбојка дошло до инцидент кога група навивачи истакнале знаме со сонцето од Кутлеш а полицијата и припадници на агенцијата за обезбедување НИКОБ пред премиерот Заев на сила го отстраниле, информираат повеќе сведоци.

Мечот се одигра пред публика по одлуката на Владата да дозволи исполнување на капацитетот на салата „Парк“ до една третина, а меѓу гледачите биле и премиерот Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
Полиција и Никоб, денес насилно го отстрануваа македонското знаме од салата во Струмица.
Сектата јаничарско антимакедонска не мирува.
Во државава можеш да бидеш се, освен Македонец#Антимакедонизам#МакЕтноцид pic.twitter.com/nOwfN0wPGT
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) June 6, 2021
За инцидентот има жестоки критики на социјалните мрежи каде во коментарите се појави и видео од пеењето на химната пред мечот во кое се гледа дека во салата имало повеќе знамиња со сонцето од Кутлеш кое со Преспанскиот договор е забрането за користење на спортски и други јавни настани.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4319121504773039&id=385541621464400
Последна вест
Иако е осуден на 20 години затвор и чека уште пресуди





