Рама ја „искара“ ЕУ за лажните ветувања кон Албанија и Македонија

Во ексклузивно интервју за познатиот германски весник „Билд“, албанскиот преиер Еди Рама ги обвинува шефовите на државите членки на Европската унија за блокирање на пристапот на неговата земја и на Македонија во ЕУ.



„Тоа беше долго негувана амбиција на нашите нации, Албанија и Северна Македонија, да се приклучат на Европската унија и на тој начин да им овозможат на нашите граѓани да имаат корист од слободниот пазар и да учествуваат во оваа голема демократија“ вели Рама и додава:

„Дозволете ми да разјаснам една работа- како премиер на Албанија, целосно знам дека не сме подготвени денес да влеземе во Европската унија, ниту с.Македонија или остатокот од Западен Балкан, дека има многу барања кои двете земји треба да ги исполнат за да станат членки на ЕУ…

Но, нашите две нации, Албанија и Северна Македонија, ги исполнија сите, дури и повеќе неопходни услови за вистински да го започнат преговарачкиот процес со Брисел“.

„Чекајќи го Годо” на Семјуел Бекет е драма која ја претставува празнината, чекањето како празно дејство, констатира Еди Рама во интервјутоза „Билд“.