Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19, информира Минмистерството за здраство.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Регистрирани се 38 оздравени пациенти.






