Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека опции за почеток на преговорите за членство на Македонија со ЕУ се јуни или – декември.
Јуни, а потоа и декември се можни датуми за одржување на првата меѓувладина конференција на ЕУ со С Македонија, затоа што, како што вели вели, во септември ќе бидеме повторно во кампања за локалните избори.
„Во анализите, јуни ми изгледа како подобра можност, но за жал, тоа што се случи во Бугарија да нема влада го искомпликува тој прозорец на можности“, потенцира министерот во гостување на ТВ24.
Османи истакна дека засега на маса е портулагскиот предлог кој ние го проценивме како добра основа заедно со европските пријатели, но не и Бугарија.







