Вучиќ побарал од Владата бесплатна вакцинација на сите граѓани на Македонија со вакцини по избор

Српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од Владата на Србија бесплатна вакцинација на сите граѓани на Македонија, и тоа со вакцини по нивен избор, дознава Б92.



„Можат потполно бесплатно и да добијат сертификат за тоа, како и граѓаните на Србија. Имаме доволно вакцини и успеавме во последните дваесетина дена да вакцинираме нови 630-640 илјади граѓани.“, изјави Вучиќ.

Од вчера и сите граѓани на Босна и Херцеговина добија можност каде било и кога било да се вакцинираат бесплатно во Србија и за тоа да добијат сертификат.