Ирскиот актер со германско потекло Мајкл Фасбендер не сака да губи време бидејќи сфатил дека шведската актерка Алесија Викандер е идеална невеста за него. Оскаровецот и предложил на својата убава избраничка да се венчаат следниот месец на Ибица, и останува да видиме дали Алисија го прифатила предлогот.

Мајкл го нарекуваат првиот „пенис“ на Холивуд. Таквите приказни почнаа да кружат после прикажување на филмот „Срам“ во 2011 година. Во филмот, актерот во најголем дел од сцените е гол и глуми секс зависник. Во една од сцените тој го покажа својот пенис и оттогаш тој е непикосновениот крал на престолот.

За двојката се верува дека врската ја започнала некаде кон крајот на 2014 година, а последниве неколку месеци тие постојано ги освојуваат симпатиите на публиката каде и да се појават. Во филмот „The Light Between Oceans“ Мајкл Фасбендер и Алисија Викандер беа двојка и на филмското платно.




