Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го води МВР над 5 години не знае кој ги добил три четвртини од македонските пасоши со лажен идентитет.
Иако Спасовски тврди дека вели дека цели две години се води истрага за случајот МВР не знае идентитетот на луѓето кои ги имаат македонските пасоши што е само уште еден скандал повеќе на фактот дека додека траела истрагата министерството издало огромен број пасоши за кои сега не се знаат корисниците.
“Во аферата „Двојник“ крадени биле идентитетите не само на албански и бугарски граѓани, туку издадени биле македонски пасоши со украден идентитет на Македонци, државјани на Косово, Србија, САД, Германија, Канада и по еден на Франција, Хрватска и Австрија. Од потврдени 215 пасоши, за 156 сѐ уште не бил утврден идентитетот. Ова е дел од статистиката изработена според обемниот обвинителен акт за оваа афера, пишува во својата анализа уредникот на порталот МКД.мк Александар Дамовски.
Скандалот пред нешто повеќе од еден месец го откри опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која аферата ја нарече „Мафија“, а Министерството за внатрешни работи веднаш наредниот ден објави дека се спроведува меѓународна акција „Двојник“ за злоупотреба на службената положба во издавање оригинални македонски пасоши со украден идентитет на странски криминалци.
Повеќе детали од анализата на случајот кој Спасовски, Заев и СДСМ безуспешно се обидуваат да го турнат под тепих на следниот линк






