Косово: Повикан за сведок во Хаг, иако во 1999-та бил дете

Специјалниот суд во Хаг го повика за сведок Фахри Фазjiиу, кој за време на војната 1998/99 година о Косово имал само осум години.



Тој треба да се појави пред Обвинителството на 23 јуни.

Фазлиу ги информирал медиумите за поканата и изразил изненадување бидејќи и не знае за што може да сведочи кога тогаш бил дете, а освен претресите што ги спроведувала српската полиција во нивната куќа, не се сеќава на ништо од тој период.

Вели дека кога добил телефонски повик да биде сведок, мислел дека тоа е шега на неговите пријатели, но кога отишол во полициската станица, добил писмена покана да се јави во Хаг.

Фазлиу ќе побара да сведочи во седиштето на Специјалниот суд во Косово Поле.(Б92)