Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се изнајде конечно решение за исчекор во спорот со Бугарија, а за тоа има добра основа низ португалскиот предлог.
„Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница“, изјави денеска Заев.
Премиерот се надева на средба со бугарскиот премиер, и како што вели, подготвен е да оди во Софија и да замоли за решение, пренесе РСЕ.
„Да замолам за решение на прагматични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји“, изјави Заев.
Денеска, бугарскиот претседател Румен Радев од Софија порача дека Бугарија ќе бара гаранции за проширувањето на ЕУ со Македонија.







