Португалија го поддржува дијалогот Софија-Скопје

Постојат европски земји со различни погледи по прашањето на проширувањето. Португалија нема предрасуди по ова прашање, ние го поддржуваме процесот на проширување на Европа, изјави денеска португалскиот претседател Марсело де Соуза, по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.



„Во однос на Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, знаеме дека прашањето е чувствително“, рече Де Соуза.

Португалскиот претседател рече дека позицијата на неговата земја е за постојан дијалог, без комплекси за проширување.

„Се восхитуваме на напорите за дијалог помеѓу Бугарија и РС Македонија. Ние ги поддржуваме конкретните чекори за поддршка на дијалогот, бучавата не помага, туку пречи“, додаде Марсело де Соуза. БГНЕС