Плусинфо: Заев не сака да зборува за Бугарија со Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изворно се информирал од шефот на државата Стево Пендаровски за тоа што било разговарано со бугарскиот претседател Румен Радев при заедничкото патување и посетата на Рим.



Не се откриваат детали од средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски, а извори на Плусинфо велат дека станува збор за работна средба на која претседателот изворно го информирал опозицискиот лидер за разговорите со Радев.

За време на посетата на шефот на државата на Рим, Мицкоски изјави дека очекува од Пендаровски кога ќе се врати, во духот на добрите односи прокламирани на последната средба, да го повика и да го информира за што разговарал со Радев и на што се должи оптимизмот.

„И додека Пендаровски си ја исполни „обврската“ за битни и теми од национален интерес да разговара и да ги сподели со Мицкоски, опозицискиот лидер, барем според информации на Плусинфо, ќе го нема задоволството за ТВ дуел со премиерот Заев“, објави порталот.

Висок владин функционер за Плусинфо брифира дека „Заев нема никаква потреба да излегува со Мицкоски на ТВ дуел за разговорите со Бугарија“.

Мицкоски во гостување на телевизијата Сител го покани Заев на ТВ дуел и тој да избере на која сака телевизија и кога сака.