Најголемиот брод на иранската морнарица потона откако претходно на него избил пожар.



Екипажот беше евакуиран, а околностите под кои избувна пожарот остануваат мистерија.

Полуофицијалните ирански новински агенции пренесоа дека бродот Карг потонал недалеку од пристаништето Јаск во Заливот на Оман.

Според непотврдени информации, на бродот се слушнала експлозија пред пожарот. Спасувачките напори за Карг траеја со часови, се вели во соопштението на државната телевизија

„Сите напори да се спаси бродот беа неуспешни и тој потона“, објави полудржавната новинска агенција Фарс.