Турските медиуми објавуваат дека во рамки на операциите на властите на Турција против Седат Пекер, кој има потерница за апсење со образложение дека е водач на криминална организација, е уапсен македонски државјанин.
“Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гокчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Името на уапсениот е Бобан Томовски, со кого во Македонија дејствувал Седат Пекер кој сега живее како бегалец во Обединетите Арапски Емирати. Томовски бил приведен на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, се вели во извештајот.
Според турските медиуми утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, Скопје, бил на пат да замине во Египет преку Турција.
Според медиумските извештаи Томовски, кој споделувал многу објави со Пекер на неговите сметки на социјалните мрежи, имал многу влезови и излези кон Турција.
Во извештаите се наведува дека Томовски, за кого се сметаше како осомничен во рамките на истрагата покрената против Пекер, е предаден на Дирекцијата за борба против имигранти и одделот за спроведување на постапките за депортација по завршување на судска постапка.
Томовски е македонски државјанин но нема пасош со лажен идентитет туку тоа му е вистинското име и презиме.





