Српскиот пртетседател вели дека Србија е под притисок од Европската унија и Соединетите Американски Држави да го признае Косово.Но, околу евентуалното признавање тој вели дека не сака да завршат како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор и да не добијат ништо.



„Слушнав од еден официјален кинески претставник дека не е се поврзано со Косово, туку дека преку Косово сакаат да ја урнат цела Србија.

Тоа не е далеку од вистината, иако ќе зборуваат дека најмодерните и најдобрите политичари се тие кои со воодушевување ќе ја прифатат независноста на Косово, а Србија да не добие ништо, само убава приказна за весници, па да завршиме како македонскиот премиер Зоран Заев со Преспанскиот договор“, рече Вучиќ.

Потоа додаде дека секогаш се смее кога ќе слушне дека демек мала земја како Бугарија ја блокира Македонија во ЕУ. (Плусинфо)