Маж од Македонија е приведен од бугарската полиција во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух.
Полицајците го одвеле и неговиот пријател, со кој веќе неколку месеци заедно живееле во градот од северниот дел на Бугарија.
Во станот е извршен претрес и било утврдено дека сè е испокршено, но не обелоденето дали имало дрога, изјавиле читатели на весникот „Труд“, кој извести за настанот. По нивната пријава Областното обвинителство во Плевен ѝ наложило на полицијата да изврши проверка.
Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.
Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“, пишува „Труд“. Тие предлагаат, ако се докаже тоа и ако странецот има и бугарско државјанство, тоа да му биде одземено, а бараат и тој да ги покрие трошоците за повторното поставување на споменикот.







