Џејми Фокс (49) и Кејти Холмс (38) беа јавно фотографирани на плажата во Малибу, каде што одеа и се држеа за раце. Двојката наводно била заедно со години, но тие морале да ја кријат нивната врска далеку од очите на јавноста, бидејќи Кејти со барањета за развод од Том Круз (55) потпиша договор дека тие нема да дозволат јавно да се објавуваат нивните нови врски во период од пет години по разводот.

Се зборува дека познатите актери Фокс и Кејти се заедно уште од 2013 година, но прв пат во понеделникот се видени заедно. Боси шетале по песочната плажа, се држеле за раце, воодушевени и насмеани. Престанокот на забраната веројатно им дошол како големо олеснување, бидејќи сега тие конечно можат да се релаксираат и да се однесуваат како и секоја друга нормална двојка.
Досега, Кејти не сакаше да коментира за нивната врска, додека самиот Фокс велеше дека тоа е „лажна вест“ и дека тој и Холмс се само добри пријатели.
Една година по нејзиниот развод со Том 2012, Кејти и Џејми беа видени како се забавуваат и флертуваат на една добротворна забава.

Наводно, тие се гледале само во своите домови оттогаш, и кога Кејти одела кај Фокс, се маскирала со перики и големи капи. Фокс и Кејти се фотографирани заедно како се држат за раце за прв пат во 2015 година, но и во тој период Фокс ја негираше врската.




