Директорот на АМС се жали за забраната на ФФМ за средба Заев – фудбалери

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски јавно се жали на одлуката на ФФМ да забрани средба на премиерот Заев со фудбалските репрезентативци.



“Не може никој да ме убеди дека претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на Европско првенство. Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе, но видовме дека можело и тоа да се забрани, мислам дека не даваме добра слика во јавноста, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт”, Наумче Мојсовски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец не ја разбира одлуката на ФФМ и претседателот Сејдини да им се забрани на претседателот и премиерот да ги испратат македонските фудбалери пред да отпатуваат на Европското првенство.

“Тој балон систем што го споменуваат не вели дека фудбалерите не смеат да се видат со претседателот и премиерот за да им посакаат среќа. Ова не е во ред и се надевам дека ќе се најде решение првите луѓе во државата да ги испратат овие херои, спортистите се амбасадори на Македонија”, кажа Мојсоски.

Тој го потврди тоа што го кажа и премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју, дека иницијативата за средба со фудбалерите дошла токму од нив и стручниот штаб.

“Средбата може да се случи на стадионот, со дистанца, на отворено. Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе” , кажа Мојсовски.

Во текот на денешниот ден Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно протоколите од УЕФА, не се во можност да организираат каков било прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

А како реагираат фудбалерите

Непотребни нервози кај јунаците пред историскиот настан

“Оставете не намира да играме за Македонија”: Кои репрезентативци “барале” средба со премиерот?