Ако не се потпишеше Преспанскиот договор, ќе имавме „Либија“ на северната граница поради постојано присуство на Турција, вели порнешниот грчки премиер Алексис Ципрас за ТВ Стар.
„Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно“,вели лидерот на СИРИЗА.
Вели дека со договорот постигнато е искрено решение за критичните прашања поврзани со културното наследство, но е прекината и „ неприфатливата и смешна стратегија за присвојување на грчкото културно наследство“.
Ципрас, паралелно се прашува каде исчезнаа сите оние кои тогаш протестираа против договорот.
Ципрас упаи критики до актуелната грчка влаад за трите меморандуми кои сè уште не се ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент и вели дека тоа, на Мицотакис, „не му носи никаква корист“.






