„Нон-пејперите“ и проектот „Репулика Илирида“ кој повторно се иницира се идеи во период кога затајува Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ Клан, пренесе Фактор.



„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем 10 пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања.

(…)Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, искоментира премиерот.

Заев додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и овој за „Илирида“ сепак не поминуваат во јавноста и нема да добијат „ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник“.