Државниот обвинител е дома, не е нападнат, сам паднал на кејот на Вардар

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески е добар и е пуштен дома откако денеска бил повреден на кејот на реката Вардар.



Според реакцијата упатена до expres.mk од ЈО велат дека Јовески паднал сам но не бил предмет на некаков напад.

“Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека попладнево, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите падна при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома”, пишува во реакцијата на кабинетот на Јаниот обвинител.

Реакцијата на ЈО е за овој текст

Што се случува со државниот обвинител Јовески?