Масовната имунизација здравствените власти ќе ја туркаат со донации

Нешто помалку од 5000 вакцини, и потребни дози за ревакцина на оние кои веќе ја примиле првата доза од анти-ковид вакцината. Таканаречената масовна имунизација нема да запре благодарение на донациите.



Оваа недела се очекува да стигнат донации од Бугарија и Грција, со што ќе продолжи масовната вакцинација на населението во Македонија. Поголемата количина на кинеските вакцини „Синовак“, коишто беа најавени, не се знае кога ќе пристигнат во земјата.

„Секој понеделник стигнуваат нови количини на ‘Фајзер‘, а неделава очекуваме 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 Грција, кои најверојатно ќе бидат од ‘АстраЗенека‘. Немаме точен датум кога ќе стасаат 500.000 вакцини од ‘Синовак‘, кои беа најавени за почетокот на јуни“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на воената вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак.