Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, смета дека е време сите административци да се вратат на работа, но напоменува дека дека не треба да се брза, па предлага тие да ги користат годишните одмори за да не се вратат сите одеднаш.



„Мислам дека е време, полека да се вратат сите административци на работа. Идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори.

Министерството за здравство дозволи да се користат годишните одмори од страна на вработените особено во здравството, така што враќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло. Мерките ќе бидат апсолутно контролирани од Министерството за здравство“, изјави Хасани како што пренесува СДК.