“Бог”, екс политичар и бизнисмен продавал станови со лажна квадратура (ВИДЕО)

Во своето најново издание на емисијата Редакција ИРЛ Македонија објавува сторија за проблемот со продажба/купување на станови со помала квадратура од таа што е официјално прикажана во имотниот лист.



Фирмата е Адора Инжињеринг а сопственикот е Ванчо Чифлиганец, екс политичар, професор, филантроп и бизнисмен кој е еден од најбогатите луѓе во Македонија.

Радовишанецот предходно се споменуваше и во афера поврзана со една јавна обвинителка чија ќерка купила стан од Адора инжинеринг иако воопшто не била вработена а обвинителката не го пријавила станот во имотниот лист.

Приказната на ИРЛ за Чифлиганец открива дека овој бизнисмен покрај вистински станбен простор продавал и воздух и на тој начин заработувал милиони.

Во еден дел од емисијата Чифлиганец се именува како Бог затоа што е творец.

Целата емисија насловена “Изгубени во премерот” во продолжение