Преќи: Албанците се тепаат во воздух затоа што на земја го загубија лезетот

Косовскиот поет Дед Преќи во колумна со наслов „Честите конфликти меѓу албанските печалбари во авионите за Швајцарија- карактеристика на албанското општество“, го објаснува инцидентот кој ја потресе косовската јавност а кој предизвика апсење во Швајцарија.



„Примитивно е кога албанските печалбари се тепаат меѓу себе и во авион, пред очите на деца и семејства, ова се случува честопати и тоа е карактеристика на нашето албанско оптество. Но, сепак, не се сите такви.“ – пишува Дед Преќи, поет од Косово, во својата колумна „Албанците се тепаат и во воздух меѓу себе, зашто на земја изгубија лезет за тоа“, која ја објавува косовскиот весник „Бота сот“.

Повод за оваа колумна на Преќи му е крвавата тепачка, која се случи пред два дена во авионот што летал на релација Приштина – Базел, кога свекор и зет, обајцата печалбари – Албанци од Косово, жестоко се степале пред очите на сите патници.

„Ова е карактеристика на нашето албанско општество, со што ние не се истакнуваме по добро, кога дури и пред нашите деца и семејства влегуваме во судири меѓу себе, токму на јавно место, каде секое движење паѓа во очите на сите патници, ставајќи им до знаење дека ние сме посебен ‘модел’ на човештвото. Но, Албанците не се сите такви.“ – истакнува Преќи.

Авторот на колумната укажува дека „не само во овој последен случај, туку и честопати се случуваат вакви конфликти меѓу албанските печалбари на овие патувања, особено на релацијата Приштина-Швајцарија и обратно“ и дополнува: „Има и многу непријатни моменти, кои ги вознемируваат децата и старите лица и сите патници во авионот, а ние не се засрамуваме од ваквите назадни однесувања, за да разбереме дека во авионот сите сме како во една соба и како во семејство. Само лудост предизвикува инциденти и ја расипува целата атмосфера и патувањето на луѓето.“

„Има премногу вакви примитивни гестови на албанските печалбари, гестови кои се повторуваат и кои никогаш не престанале, дури и додека авионот е се уште во воздух и кога луѓето веќе брзат да излезат со своите работи, кога и тие работи им паѓаат врз главите. Кај албанските печалбари, од кои мнозинството се интегрирани на Западот, сакаме да не гледаме вакво однесување во авион, на улица и пошироко, будалаштини какви можеби кај други ги нема. Сакаме да не гледаме кај таквите албански печалбари арогантно однесување и секакви глупости, туку да имаат срам на нив да се гледа како на Албанци.“ – заклучува Дед Преќи во својата колумна, која ја објавува весникот „Бота сот“.

Видео од инцидентот што го потресе Балканот

Крвав инцидент на летот Приштина – Базел, се тепале и по слетувањето (ВИДЕО)