Македонски лакрдии или перење пари: Асфалтирале за да копаат пак

Неспособност, перење пари или нешто трето е причина за копање на прометна улица за која граѓаните веќе платиле да биде асфалтирана.



Улицата е 15 Корпус, се наоѓа во Охрид на патот од градот кон селото Лескоец.

Асфалтирана е неодамна а викендив според очевидци повторно се копа.

Подоцна ќе треба повторно да се објави тендер за санирање од последното копање што поставува дилема дали некој промашил работи или намерно копа откако е асфалтирана за некој пак да земе провизии.

Градоначалникот засега молчи.