Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека информациите за криминалот и рекетот во РЕК „Битола“, за кој обвинува опозицијата, ги добиле од член на највисокото раководство на владејачкиот СДСМ.
Затоа, вели тој, власта треба да престане да ги гони лицата за кои мисли дека ги дале информациите, алудирајќи на неодамнешните претреси во домови во домовите и работните места на тројца полициски службеници, кои беа повикани и на разговор во полициска станица.
„Да им помогнам на СДСМ да престанат со овој начин на дејствување и наместо да ги гонат оние коишто наводно ги дале информациите треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250 000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе, а ќе им помогнам ан начин што еве ексклузивно ќе кажам дека информациите до ВМРО ДПМНЕ не стигнаа од вработени во МВР ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ којшто заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме, изјави Николоски од Охрид.
Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов поседува бројна документација и за други афери и скандали од коруптивен карактер и најавува дека ќе ги изнесат во наредниот период. И тие, вели Николоски, се добиени од лица во врвот на СДСМ.







