Министерот за економија Крешник Бектеши и новата директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, најавија дека започнува контрола на квалитетот на сите нафтени деривати во државата со мобилната лабораторија.



„На тој начин, не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации, туку ќе се заштитува и животната средина. Како што најавивме минатата недела, ги собираме сите податоци за дистрибуција на сомнителен мазит. Крајниот рок што им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме да ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби“, наведе министерот, пренесува Фактор.

Ако не се испочитувани процедурите, Бектеши најави дека документите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство.

„Сите институции, почнувајќи од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија и Инспекторатот за животна средина имаат обврска во предвидените рокови да ги достават сите информации до Владата“, објави Бектеши.