Во последните 30 до 40 години една третина од населението од целата држава живее во Скопје, а селата и малите населени места се сѐ попразни, вели, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Само за 18 проценти од населението во државата изградени се канализациски системи, посочи вицепремиерот кој укажа на проблемите со региналниот развој во Македонија, пренесува „Фокус“.
Тоа е фрапантен податок, но тој е таков и мораме да ги кажеме бројките такви какви што се и да бидеме свесни за истите. Ваквата ситуација мора да биде надмината, изјавил вицепремиерот Анѓушев.




