Коалициониот партнер на СДСМ и Зоран Заев, партијата БЕСА најавува поддршка за избори со отворени листи – со што лидерот Касами најавува дека повторно ќе се максимализираат барањата на Албанците.
Касами не зборува за барањата на сите граѓани туку само за барањата на Албанците.
Кога зборува за губење на некои општини не е јасно за кого зборува Касами затоа што како партија БЕСА нема свои градоначалници каде што владее но не појаснува дали зборува за општини каде би владееле македонски градоначалници или за општини каде партијата би одела со СДСМ.
„Пред нас се локалните избори. Новиот изборен систем со отворени листи ќе ни ја олесни соработката со другите политички партии. Ние сме целосно отворени за соработка со другите партии, првин поради опасноста да загубиме некои општини, каде што нема да бидеме обединети. Второ, заради максимализирање на барањата и потребите на Албанците во Македонија.’ – изјави лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами синоќа на партиската средба во тетовското село Порој.“ – објави весникот „Бота сот“.
„Лидерот на БЕСА Касами најави реорганизација на БЕСА, што како процес нема да биде насочен само кон структурна организација, туку и кон воспоставување нов концепт на политичко функционирање. ‘Новиот концепт на Движењето Беса се заснова на долгорочни стратегии, реализација и креирање нови современи политики’ – рече Касами“ – пишува „Бота сот“.
„Касами изјави дека ‘реорганизацијата не случајно стартуваше во Порој, каде започнаа најважните политички процеси – политичката организација на Албанците во Македонија“ – објавува „Бота сот“.
Поврзана вест
Јавно се реактивира барањето за основање „Република Илирида“





