По околу пет часа, успешно е завршена третата срцева трансплантација во Македонија.
„Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување“, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фесбук.
Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор.
Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена, објавија на Фејсбук од Жан Митрев.







