Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќешниот полициски час не го почитувале 16 лица, а во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 188 прекршоци за неносење лична заштита на лице.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.






