Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“ до која може да се дојде и онлајн.
„Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се движат помеѓу двоцифрен и низок троцифрен број“, се наведува во соопштението.
Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош.
Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал.
Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го превземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.






