Под притисок на јавноста, Владата одлучи да го повлече предлог законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура.



Предлог законот помина во законодавниот дом, но претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша указот за неговои донесување.

Владата веднаш потоа повторно го испрати до Собранието, но најави дека ќе спроведе јавна дебата.
Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство за транспорт и врски организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.
Премиерот Заев вели дека во законот се остранети колективние згради и објектите на социјално ранливите категории на граѓани. Но, време е вели да ги упишеме, локалните патишта, спомениците на културата, објекти од енергетиката, градинките, училиштата, болниците.

„Во самиот закон се најдени се решенија за граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат своите домови и објекти сега наоѓаме бесплатно тоа да го направат, сите приматели на социјална помош и истовремено да ја легализираме државната инфраструктура“, истакна Заев.

Заев смета дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните, но сепак остануваат на принципите да ја слушаат јавноста. На предлог-законот за легализација на дивоградби реагираа , членовите на ДКСК, невладините организации, архитекти и правни експерти .