Во акција на МВР на Оливер Спасовски вечерва се приведени двајца полициски функционери за оддавање службена тајна во аферата „Рекет во РЕК Битола“, јавува Плусинфо.мк.
Попладнево, како што дознава порталот, извршен е претрес во домовите на осомничените функционери од МВР во кој нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот. Плусинфо побара потврда од МВР за приведувањата, но се уште нема официјална информација.
Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран кримал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот, дознава Плусинфо.
Според брифингот на опозицијата, Вице Заев, барал рекет во вредност од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.
Случајот во МВР, го пријавиле ошетените сопственици на компанијата, но според тврдењата на опозициската партија, во пријавата мистериозно исчезнало името на Вице Заев, осомничен за рекетот. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводно во времето на Васко Ковачевски власта вршела притисок и закани врз бизнисмените, сопственици на компанијата „Рубитон“, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице Заев, во хотелот „Вила парк“ во Струмица.
Засега МВР на Спасовски не ги апси лицето означено како Вице Н. ниту некој друг актер близок на СДСМ инволвиран во аферата Вице и РЕК Битола.
Повеќе на овој линк на плусинфо.мк
Според официјалното соопштение објавено подоцна од МВР вршени се претреси во станови на лица но никој не е уапсен.
Инволвирани и од јавното обвинителство






