Образложение за државна функција: Се истакнал при организација на погреби

Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска доби одговор на пратеничко прашање до премиерот на Владата на Република Македонија кое гласи:



Според кои критериуми Владата одлучи за Национален координатор за одржлив развој на Преспанскиот регион да го именува Горјан Тозија?

Во образложението меѓу другото пишува дека Тозија е кадарен да ја врши функцијата поради тоа што има искуство со организација на погреби.

Иако голем дел од јавноста очекуваше ОЈО и институциите на системот да дејствуваат во однос на неговото незаконско работење и утврдената злоупотреба на службената положба од страна на ДКСК за време на неговиот мандат како директор на Агенцијата за филм, Владата одлучи да го награди Тозија!