Министерката Мила Царовска не се борела против незадоволни граѓани туку против традиционална структура на тупи и лоши родители која се опирала на тенденција за дигитализација а која била глобализациска.
Ова е објаснувањето на провладиниот аналитичар Ненад Јовановиќ кој стана познат би јавноста откако јавно призна дека од општинската организација на СДСМ во Кавадарци побарал да му ја вработат сопругата во државно претпријатие при што молбата му била услишана.
Во обид да ја одбрани реформата на министерката за образование Царовска, Јовановиќ тврди дека луѓето од иницијативата “Учебници и настава мора да има” не се граѓани туку структура и лоши/тупи родители.
“Дел од родителите велат: “или ќе паднеме ние или Мила”. Изгледа дел од родителите се паднати, така што не е во прашање Мила (колку глупава споредба), бидејќи од дигитализацијата сите учиме, не само децата. Од дигитализацијата учиме и ние, таканаречените возрасни. Добро е што децата по се’ изгледа се попаметни од своите тупави родители.
Дигитализација, образование и претприемаштво е темелот на модерната држава, ама очигледно од партијата на Мицкоски им рекле: “подобро канализација отколку дигитализација”. Држ’те до канализација, вие лоши родители”, пишува Јовановиќ.






